Можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот, започна тој.
Упати и директно прашање кон Груби.
Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред, вели Николоски.
Повеќе може да погледнете од видеото ТУКА.