Ние сме денеска овде затоа што народот жеското ја порази политиката на Зоран Заев, жестоко ја порази корупцијата, неспособноста и економските потфрлувања. Поразот на локалните избори беше така жесток, да никој не го добедува во прашање, поразот беше суштински, длабок и јасен и затоа Зaев заминува, но немаше храброст да ја извади сопствената политичка партијата на соочување со народот. Нема пример во Европа на вакво бегање и соочување со народот, се бега од гласот на народот. Соочување е потребно, народот треба да каже дали се согласува со овие политики, изјави пратеникот Александар Николоски во Собранието.
Сега се соочивме со најголем срам, а тоа е да се киднапира пратеник, кој се појави после 5 дена и затоа денеска имаме влада без легимитет и влада со стари ликови. Ова е влада која не коже да понуди нови политики и нови визии со стари луѓе. Полтиките во овие 4 год неможе да се сменат магично. Затоа гледаме постои кавга во јавноста за националното предавство со Бугарија и префрлање на одговорноста. Исто така видовме дека корупцијата продолжува да цвета и во услови на енергетска криза , едниственото што го направи Заев беа два големи тендери во РЕК Битола и тоа во 4 очи. Тој континуитет на корупција го продолжуваат. Ова не е нова влада, нема визија, не донесе странски директни инвестиции и нема визија како да го поттикне домашното стопанство, изјави Николоски,