Инвестициите се приоритет

„Мислам дека иднината на целиот регион е во соработка. Треба да сме интелигенти и да соработуваме. Ние сме соседи, природно сме поврзани и треба двете економии и двете народи да соработуваат. Треба да видиме грчки инвестиции во Македонија и македонски инвестиции во Грција, тоа е нешто што природно се случува. Треба да го развиваме соработка меѓу солунското претставништво и македонската економија. Треба да го развиваме туризмот на двете страни и да ја развиваме поврзаноста“, категоричен е министерот Николоски.

Средба Николоски – Стилинидис

„Јас не сум случајно тука, ова е прва посета тука од нас како нова влада. Со ова даваме позитивен импулс како влада. Очекувам и возвратни посети. Јас денеска веќе остварив средба со господинот Христос Стилинидис којшто е еден врвен европски политичар затоа што беше и комисар во Еропската комисија која ја предводеше Јункер, сега и министер за она што можеби е најбитно во Грција за морепловство и оствари. Остварив средба и со министерот за транспорт и комуникации на која разговаравме на бројни прашања за поврзаноста на двете држави. Се сретнав со раководството на солунското пристаниште, пристаништето Кавала, исто така директорот на Суецкиот канал и секако бизнис асоцијациите кои се тука“, вели Николоски.

Видео обраќање за Алфа

Грчките инвеститори можат да инвестираат во Македонија

Ја отвораме вратата, имаме можност за соработка, Македонија има доста поволни економски услови, ниски даноци и слободни економски зони. Најбитно е да имаме добри патишта и добра железница да се поврзат државите, вели Николоски.

Брза руга со 200 километри на час и гасно поврзување

„Врвен приоритет за нас е брза пруга која би одела по 200 километри на час, што ќе значи Македонија да направи раскрсница и силен економски коридор да оди кон Централна Европа преку нашата држава. Ова е уникатна можност за нас, за географската положба која ја имаме да ја искористиме. Имаме можност да станеме центар преку нас да се носи стоката која ќе оди до Централна Европа. Истото може да го направиме со гасоводите. Затоа сакаме да градиме интерконектори, веќе е објавен тендер со Грција и со Србија со што би станале гасна раскрсница во Европа. Доколку имаме правилна економска политика Македонија може да живее од наплата за транспортни трошоци и во железницата и во гасното поврзување“, заклучи министерот Николоски.