Единственото решение се брзи предвремени избори, кој што можат да се случат и во устави побрзи рокови, сето останато е бегање од народот, изјави пратеникот Александар Николоски во Собранието каде во моментот има избор за нова влада.

Верувајте, ви следува пеколен период на соочување со народот и неговиот гнев, надежта и промените доаѓаат. Тие ќе се случат побрзо од што мислите. Доаѓаат многу подобри денови за Македонија, и затоа нема да ја поддржиме оваа Влада и во следниот период ќе се гледаме и низ улиците и во институциите за да го канализираме тој гнев на народот и за заеднички да стигнеме до брзи предвремени избори во Македонија, изјави Николоски.