Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, вредна 20 милиони евра и со очекувани околу 500 нови работни места, денеска ја објавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. На прес-конференција во Владата тие оценија дека вложувањето претставува уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските инвеститори и за довербата што тие ја имаат во домашната економија.
Што предвидува проектот?
Според премиерот Мицкоски, станува збор за браунфилд инвестиција која ќе започне со закуп на постоечки објект од 8.000 метри квадратни, а во наредните години се планира постепено проширување на капацитетите.
Станува збор за браунфилд инвестиција која ќе почне со закуп на постоечки објкект од 8.000 метри квадратни, а капацитетите ќе се прошируваат до 21.000 метри квадратни до 2028 година. До 2030 година компанијата планира да иневстира околу 21 милион евра. Целокупното производство на контролни кабли од Труција и Словачка ќе се реализира во Тетово, што е потврда за довербата на инвеститорот во македонската економија, нашата работна сила и деловната клима, истакна Мицкоски.
Годишниот планиран извоз на компанијата е 45 милиони евра.
Пораката од Владата
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши нагласи дека инвестицијата покажува дека Македонија станува сѐ попривлечна за компании кои носат современи технологии, нови производствени капацитети и квалитетбни работни места.
Според него, одлуката дел од производството да биде пренесено во земјава претставува силен сигнал за довербата во македонската економија.
Покрај отворањето нови работни места, овој инвестициски проект ќе значи зголемен извоз, трансфер на нови технологи и дополнителна додадена вредност на македонсакта економија. По иницијалните преговори кои траеа повеќе од една година, денес се испраќа јасна порака – дека Македонија и натаму е атрактивна дестинација за странските инвеститори, подвлече Дурмиши.
Кој е инвеститорот?
Мултинационалната корпорација „Џаво отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.
Компанијата, покрај во Турција, има присуство и во Канада, Германија и Словачка.
