Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ „како од шега“ се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен!

Ноле лесно во три сета го надигра локалниот тенисер Алекс Де Минор, а дуелот траеше само околу два часа.Резултатот беше 6:2, 6:1, 6:2.

Србинот доминираше на теренот на Род Лејвер Арената од првиот до последниот поен, а на Де Минор му препушти само пет гема.

 

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде рускиот тенисер Андреј Рубљев, кој по пет сета и супер тај-брејк го совлада Данецот Холгер Руне.