Работата на експесниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка е со полна пареа. По вчерашната прес-конференција на ова место каде Николоски ги соопшти деталите, утрово сподели и видео.

Добро утро. Денот го почнуваме со ова убаво видео на кое се гледа работата на експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка. До Нова година ќе биде готов! Убав ден на сите, напиша Николоски.

Во продолжение погледнете го видеото од причја перспектива.

Ваквиот експресен пат е дел од Коридорот 8, а е значаен за патувањето од Скопје кон Софија. Кога целосно ќе биде готов од едниот до другиот главен град ќе се стигнува за само два и пол часа.

(ВИДЕО) Николоски и Трајановски на терен: Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа

Ваквиот проект ВМРО-ДПМНЕ го затекна да оди со слаба динамика, но откако дојде на оваа позиција Александар Николоски се работи во полн ек.