Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб

Тргнатото македонско знаме од Голем Кораб повторно е вратено на својата позиција. По скандалот каде странски државјани го тргнаа македонското и на негово место поставија албанско повторно е вратено македонското знаме. Во објава на социјалните мрежи каде јасно се гледа како повторно е вратено македонското знаме е напишано:

„Македонија секогаш имала храбри синови“, стои во објавата.

Видеото може да го погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мк Пиреј (@mk.pirej)

Кој стои зад инцидентот?

Зад ваквиот инцидент стои извесен Изет Шулку кој е познат во локалните кругови како „Дебарски тарзан“. Тој напиша дека Кораб ѝ припаѓа на Албанија, па неговиот гест наиде на низа реакции од јавноста. На крајот, самоиницијативно знамето е тргнато, а од чинот е објавено и видео на социјалните мрежи.

Се огласи МВР

Од МВР велат дека станува збор за странски државјанин, а дека случајот активно се истражува.

Осуда од политичарите

Чинот на тргање на македонското знаме од Голем Кораб ја разгневи македонската јавност. Поединци, но и политички партии како Достинство и ЛДП го осудија чинот. Генералот Стојанче Ангелов го осуди чинот и вели дека најголем проблем е тргањето на македонското, а не поставувањето на албанското.