Десетици луѓе се собраа синоќа во Скопје за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од Лотарија.
Груби, во друштво на пријатели и соработници, се појави триумфално, додека во исто време започна огномет, а луѓе држеа запалени факели и чадни бомби.
Инаку, Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.
Од Кривичниот суд информираат дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.
