Локалната Самоуправа во општина Струмица реализираше координативна средба со Јавното Претпријатие Паркиралишта со цел приклучување во хуманитарната акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.

На координативната средба, одлучено е дека сите граѓани, жители и посетители на Струмица кои ќе приложат смс порака дека донирале за Леонид преку некој од операторите, ќе бидат ослободени од дополнителен надоместок за паркинг.
Акцијата е во тек и има за цел да ги стимулира граѓаните да донираат и со овој хуман гест да придонесат кон обезбедување на неопходните средства за лекување на 18 годишното момче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kosta Kostadinov (@kostadinov.kosta)