Страшен пожар избувна во станбена зграда во источна Москва, зафаќајќи површина од 800 квадратни метри. Над 100 лица останаа заробени, додека дел од жителите се обидоа да избегаат преку прозорците.
По брзата интервенција на противпожарните екипи, 80 лица беа спасени, а дополнителни 120 станари беа евакуирани. Тројца граѓани завршија во болница поради вдишување чад, но нивната состојба е стабилна, потврди итната медицинска помош.
Пожарот доби висок степен на сложеност
Според РИА Новости, пожарот бил оценет со четврти степен на сложеност, што е една од најтешките категории според руските стандарди. Министерството за вонредни ситуации објави дека екипите користеле специјални скали за спасување на луѓето од горните катови.
-
„Вработените во Министерството за вонредни ситуации активно го гаснат пожарот во Москва. Тимовите ги евакуираат станарите со помош на скали и други специјални алатки“, стои во соопштението на руските власти.
Снимки кои ги шокираа граѓаните
На социјалните мрежи, особено на платформата Х (поранешен Твитер), се појавија вознемирувачки снимки. На нив се гледа како некои станари очајно се обидуваат да се спасат, а некои скокаат од прозорците во паника.
People are trying to get out of the burning Elektrozavod building in Moscow through the windows. There may still be people inside, and dozens of fire crews are on the scene. pic.twitter.com/phvq0QonUd
— big ben (@alternative_war) February 8, 2025
Руските власти засега не објавуваат информации за можни жртви, но истрагата за причините за пожарот е во тек.