Претседателот на Франија Емануел Макрон доживеа непријатности за време на посетата на комуната Сержи, во северозападниот дел на Париз.

Демонстранти почнаа да го гаѓаат со домати, иако тој во ова место доби поддршка од 76 проценти од гласовите.

Макрон прво одржа говор, со кој вети дека ќе ги слушне сите гласачи, а подоцна додека одеше низ масата народ, се случи овој инцидент.

Обезбедувањето се обиде да го заштити со чадор.

Францускиот претседател беше погоден со јајца во Лион минатата година, а тој по инцидентот изјави дека доколку некој има нешто да му каже, да го контактира.