Несекојдневна снимка е забележана во втономниот регион Гуангкси (Кина), поточно на паркингот на локалниот универзитет.

Медиумите јавуваат дека откажувањето на батеријата предизвикало пламен во првото возило, по што пожарот со молскавична брзина се прошири и на останатите возила во близина.

Безбедносните камери го снимиле целиот настан, а пожарникарите успеале да спасат едно возило, додека четири биле уништени.

За среќа, никој не е повреден во овој инцидент, што скапо ќе го чини сопственикот.