Најмалку 100 лица се уапсени додека се обидувале да стигнат до плоштадот Таксим и другите јавни простори во градот.
На 1 Мај во Турција традиционално критичарите на Владата излегуваат на улица и редовно има судири со полицијата.
Претставници на Адвокатската комора во Истанбул изјавија дека бројот на упасени може да достигне 170 лица. Во Анкара се извршени и најмалку 11 апсења.
Во Турција од 29 април во сила се строги анти-ковид мерки поради смртоносниот трет бран на пандемијата.