Сопругата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, вчера го прослави својот 40-ти роденден.

Ноле се потруди да ѝ приреди незаборавно изненадување, со дронови на небото над Атина.

Додека стоеја на плажа, прегрнати, Јелена Ѓоковиќ и Новак Ѓоковиќ погледнаа кон ноќното небо, каде што се одвиваше вистинска магија – со помош на дронови беше напишана посебна порака наменета само за неа.

„Среќен роденден. Ти благодарам што си нашиот дом“, блеснаа пораките на небото, а овој магичен момент ги трогна и воодушеви сите присутни на плажата кои го гледаа спектаклот во тој момент.