Центарот за управување со кризи објави видео од последиците од големиот пожар високо над Криволак кон Пенуш.

Утрово ЦУК информира дека имаше вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од кои 7 се се уште активни.

Македонија со денови се бори со повеќе пожари, за дел од нив постојат сомнежи дека се подметнати. Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Турција и Романија испратија воздухоплови како помош во гаснењето на пожарите во Македонија.