По поразот од Хапоел Бер Шева синоќа во Белград со 2:0 во реваншот од квалификациската рунда за Лигата на шампионите, тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, се збогуваше со своите играчи и поднесе оставка, објави „Директно“.

Со оваа постапка не се согласува раководството на српскиот клуб и затоа ќе се обиде да го разубеди Станковиќ околу неговата одлука за заминување.

Прес-конференцијата и стандардните процедури по натпреварот не беа одржани бидејќи тренерот одлучи да ја напушти својата позиција.

За време на натпреварот, Станковиќ беше многу емотивен и доби црвен картон во 57. минута. На пат кон тунелот, тој исто така влезе во конфронтација со навивачите.