Со највисоки почести беше пречекан премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ. Со интонација на химните на Македонија и Србија, како и со пречек од најголем дел од министрите во актуелната влада, беше пречекан српскиот премиер.

Премиерот Мицкоски ја потврди пријателската соработка и заедничките цели на двете земји.

„Ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот. Исто така можам да кажам дека зборувавме во делот на енергетското поврзување на двете земји. Посебно ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји“, изјави премиерот Мицкоски.

Во продолжение може да ја погледнете заедничката прес-конференција на двата премиери.

Двете држави се дел од програмата Отворен Балкан и како заедничка цел ја имаат Европската унија.