Голем пожар избувна ноќеска во кочанско Оризари, при што биле опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма, информираат од СВР Штип.
Инцидентот се случил околу 02:30 часот по полноќ, во близина на бензинска пумпа во кочанската населба Оризари. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, пожарот бил локализиран и изгаснат. За среќа, нема повредени лица.
Засега не се познати останати детали. Извор: 24инфо