Вчера и официјлано Општина Бутел го доби еден од најубавите спортско-рекреативни центри, а истиот се наоѓа во населбата Радишани.
Центарот се простира на површина од 6.000 метри квадратни, а во него има фудбалско игралиште со вештачка трева, баскет игралиште со специјална подлога, детско игралиште со мека подлога за најмалите, нова фитнес зона, парк и нови зелени површини со урбана опрема, паркинг, а целиот комплекс е осветлен со лед економично осветлување .
Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го залужуваат. Добиваат модерна, современа, урбана општина со нови содржини! Општина Бутел ќе се развива и во идната година со уште подинамично темпо и нови проекти кои граѓаните н ќе ги препознаваат – вели градоначалникот Костовски.
Како изгледа истиот простор пред и потоа можете да погледнете од видеото во продолжение: