Во Охрид се појави глетка која до пред неколку години беше вистинска реткост. Забележана е видра како повторно плива во Охридското Езеро и тоа покрај самиот кеј во центарот, каде што граѓаните имаа можност да ја снимаат од шеталиштето, објави „Охрид1“.

Последниве години видрите сè почесто се забележуваат во и околу езерото, а покрај нив тука се бројните птици и други жители на езерскиот екосистем кои станаа дел од секојдневните глетки.

Ваквите средби се прекрасен потсетник колку е богат живиот свет на Охридското Езеро и колку е важно неговата вода и природните живеалишта да ги зачуваме чисти.