Противниците на воената хунта во Мјанмар денеска окупираа полициска станица во источниот град Мобје, тврдејќи дека убиле најмалку 13 припадници на безбедносните сили и заробиле четворица, јавија локалните медиуми.

Телата на убиените припадници на безбедносните сили може да се видат на неколку видеа споделени на социјалните мрежи, јавија светските агенции.

Агенцијата Иравади цитираше локален борец на Народните одбранбени сили кој рекол дека полициската станица е запалена и оти во борбите се повредени двајца цивили. Други медиуми објавија дека биле убиени 15 припадници на безбедносните сили.