Промените се случуваат
Поминаа првите 100 дена од работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а придружувана од коалиционите партнери Вреди и ЗНАМ. Граѓаните со различни ставови, но видливо е задоволството на голем дел од нив за промената која ја видоа.
Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки
Мицкоски даде отчет за сработеното
Повеќе од 100 започнати и реализирани проекти, за 2.500 денари зголемени пензии, бесплатни учебници, проширена позитивна листа со 87 генерички лекови. Мицкоски даде отчет за сработеното за првите месеци од мандатот. Тој новите странски инвестиции, како и 250 милиони евра поддршка за општините ги наведе како клучни успеси на владата во досегашниот период.
Коалицијата „Вреди“ соопшти што направиле во првите сто дена влада
Мицкоски самокритичен
Мицкоски е дециден дека кадровски грешки имало, но тие се исправени по реакција на граѓаните. Сега е задоволен од работата на кабинетот. Премиерот во денешното обраќање потенцираше дека за државата да оди напред потребна е силна опозиција со која ќе има натпревар на идеи.
Во продолжение може да го погледнете обраќањето
Евроинтеграциите како приоритет, но не по секоја цена
Членство во ЕУ да, но не по секоја цена. Мицкоски вели дека Владата нема да преземе чекори кои се спротивни на националните интереси и кои водат кон понижување и срам. Според него, апсолутно е можно да се стане полноправна членка на Унијата со крената глава.
Правосудство и обвинителство
Откако владата не доби ниту еден предлог за реформирање на правосудството, во соработка со експертите ќе се работи на акциски план кој ќе значи промени и зголемена доверба во судството и обвинителството.
Критики од опозицијата
(ВИДЕО) Филипче: Сериозен успех на македонската дипломатија е францускиот предлог
Венко Филипче којшто е лидер на СДСМ без многу факти и аргументи упати критики на контото на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тој работата на владата ја нарече „100 дена работа