Во денешното издание на „Еспресо со Златев и Боцевски“, гостин беше пеофесорот Атанаско Тунески.

Централна тема на неговото гостување беше „Чебрен“, а професорот од машинскиот факултет категоричен е дека „Чебрен“ мора да биде наш македонски проект.

Тунески смета дека со паметно менаџирање на средствата Македонија како држава може да го гради овој проект и да остане наш проект.

„Чебрен“ мора да биде целосно македонски проект, а не на странците, дициден е Тунески.

Според него државата не смее да го продаде Чербен бидејќи така го губиме нашиот суверенитет.

Соседот не може да влезе кај нас и да управува со нашиот дом. Сакаме добрососедски однос со нив, но било кој од нашите соседи не може да биде главен во нашиот дом, вели Тунески за Радио Лидер.

Освен Чебрен, тој зборауваше и за ХЕЦ Тиквеш.

Зошто некому да се даде нешто што е наше национално богатство?, прашува Тунески во гостувањето на нашето радио.

Тунески објаснува за 14 неуспешни тендери. Според него 15-от можеби ќе биде успешен, но само за странскиот партнер.