Пукање во училиште во Оребро, Шведска

Пукање се случи денеска во училиштето Рисберска во Оребро, Шведска. Според извештаите, непознат напаѓач отворил оган со автоматско оружје.

Вооружен напад се случи денеска во училиштето Рисберска во Оребро, Шведска. Нападот со оружје се случил околу 13:33 часот. Полицијата веднаш реагирала и спровела акција во рамките на училиштето.

Број на жртви и повредени

Според информациите, најмалку пет лица загинале, а уште четворица се примени во болница. Возраста и состојбата на жртвите засега не се познати. Напаѓачот наводно се застрелал. На социјалните мрежи се објавуваат видеа. Во продолжение може да погледнете видео од настанот.

Полицијата сè уште ја води акцијата

Првично, имаше информации за заложници и престрелка меѓу полицијата и напаѓачот. Во 15:10 часот, полицијата соопшти дека повеќе нема опасност од огнено оружје, но неколку минути подоцна ја повлече таа изјава, наведувајќи дека акцијата сè уште трае.

Пукање – Изјава на портпаролот на полицијата

По денешното пукање, се огласи портпаролот на полицијата.

„Ги замолуваме граѓаните да останат подалеку од областа каде што се одвива полициската операција. Доколку се најдете во близина на полицијата, најдобро е да се оддалечите во спротивна насока. Ако се наоѓате во затворен простор, останете внатре и држете се што подалеку од прозорците“, изјави портпаролот на полицијата Ларс Хеделин.

Реакција на владата

„Информациите што пристигнуваат за инцидентот во Оребро се исклучително загрижувачки. Полицијата интензивно работи на терен, а операцијата е во полн ек. Владата е во постојан контакт со полициските служби и внимателно го следи развојот на ситуацијата“, изјави министерот за правда Гунар Штромер.

Дополнителни безбедносни мерки

Денешното пукање ги крена на нозе надлежните. Како мерка на претпазливост, шведската полиција го презеде обезбедувањето и на другите училишта во околината.

Безбедноста во Шведска веќе подолг период не е на завидно ниво. Погледнете повеќе од линкот во продолжение:

Шведска гори, криминалните банди почнаа да се пресметуваат и со бомби