Во министерството за транспорт и врски се работи со полна пареа. Под дневен мониторинг директно од премиерот Мицкоски, а заедно со првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски министерот Николоски започнува со реализација на крупни проекти.

Два крупни проекти презентирани за една недела од министерот Николоски

Кога ќе се реализираат проектите на кои сега активно работи министерот Николоски, од Скопје до Охрид би се патувало за час и половина. Исто толку време ќе биде потребно и за од Скопје до Битола. До Прилеп од главниот град би се стигнувало за час и 10 минути.

Видео од градежната офанзива

Министерот Николоски на својот Фејсбук профил сподели видео од градежните активности на автопатот Прилеп – Битола.


Се работи и под рефлектори

Вечерни градежни активности на клучката кај Страцин,се асфалтира под рефлектори!

Македонските граѓани ќе возат по модерни патишта

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ги гради големите делници. Граѓаните на Македонија ќе возат по модерни патишта. Градежниците, бизнис секторот, но и граѓаните очекуваат придвижување на секторот. Инфраструктурата е моторот на македонската економија и затоа потребно е да се работи во полна пареа, како што моментално Николоски прави за овој сектор.

За максимум четири години треба да бидат завршени автопатиштата што ги градат „Бехтел и Енка“, вели првиот човек на државните патишта, Коце Трајановски.

Пониски трошоци, поголема конкурентност и странски инвеститори

Изградбата на четирите делници Прилеп – Битола, од Требеништа до Ќафасан, од Гостивар до Букојчани и од Тетово до Гостивар ќе овозможи побрз превоз на работници и производи, пониски трошоци, поголема конкурентност и странски инвеститори.

(ВИДЕО) Инфраструктурен бум во Македонија: Скопје – Охрид и Скопје – Битола час и половина, Скопје – Прилеп час и 10 минути

Четирите делници ќе чинат 1,3 милијарди евра, а треба да бидат готови за нешто повеќе од 4 и пол години. По завршување на изградбата, од Скопје до Охрид ќе се стига за помалку од два часа.

Николоски со повеќе проекти: Автопати, пруга, но и авионски сообраќај

Секако, тоа не е сѐ. Брза пруга кој ќе оди со 200 километри на час, автопат Кичево-Охрид, автопат кон Бугарија, регионален пат Прилеп-Градско, гасно поврзување со Србија. Значајно е да се напомене дека брзата пруга од Скопје до Солун која ќе биде со 200 километри на час освен што ќе помогне за превозот на патници, ќе биде и клучен двигател на македонската економија. Овде не е изоставен ниту авионскиот сообраќај, а на оваа тема министерот Николоски соопшти дека Владата ќе субвенционира летови. Меѓу субвенционираните летови се и дестинации како Барселона, Лион и Дубаи.