Земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала што се случи синоќа предизвика вознемиреност меѓу граѓаните во Македонија и во дел од соседните земји.
Потресот почувствуван и во Скопје и Ниш
Силно тресење било почувствувано и во Скопско, каде што граѓаните пријавуваат нишање на лустери и поместување на предмети во домовите. Слични реакции пристигнуваат и од јужна Србија. Жителите на Ниш сведочат дека земјотресот траел релативно долго.
Една жителка на Ниш за Телеграф го опиша моментот на потресот: „Гледав телевизија и почувствував тресење, прво помислив дека е хипертензија, потоа ги погледнав собните растенија и видов како се тресат лисјата. Се тресеше околу десет секунди.“
Материјална штета во Косово
Освен вознемиреноста кај населението, пријавена е и материјална штета во продавница во Косово. На платформата на EMSC, корисници од Призрен наведуваат дека потресот бил „краток, но силен“.
На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од Феризај на кои се гледа како жителите на станбени згради во паника ги напуштаат своите домови.
Земјотресот почувствуван во повеќе земји
Потресот, покрај Македонија и Србија, бил почувствуван и во Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција и Босна и Херцеговина.
