Семејството на Новак Ѓоковиќ откри се што се случува со Новак во Австралија и како срамно го третираат тенисерот.

Пред новинарите излегоа Џорџе, Дијана, Срѓан и Горан

– Новак не го прекрши законот! Тој комуницирал преку Тениската федерација на Австралија. Дошле до исклучок со кој влегол во Австралија. Тој го имаше истиот документ како и повеќето тенисери кои се таму. Вознемирувањето може да се нарече дипломатски прекршок! Го однеле во соба и таму го испрашувале. Мобилниот телефон му бил одземен три и пол часа. Телефонот му бил вратен и потоа бил приведен. После тоа беше донесена одлука да не му се даде виза- изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Срѓан беше остар.

-Ги газат Новак и Србија! Скот Морисон се осмели да го нападне и избрка Новак! Сакаа да го клекнат на колена и да не понижат! Ние Србите сме горд нарон! Никогаш не напаѓавме, секогаш само се браневме. Нашиот Србин, нашата гордост го прави тоа сега! Со своето однесување и однос кон сите покажува од каде доаѓа! Горди сме – рече Срѓан.

Ѓоковиќ сениор истакна дека Новак сигурно ќе би го зел трофејот и дека моќниците нема да го дозволат тоа.