На објавеното видео се забележува мечка во трчање покрај самиот пат Тетово – Попова Шапка, во атарот на селото Бродец.
Мечките од Шар Планина во последниве неколку години се симнуваат сè поблиску до населените места, како и до градот Тетово.
Минатата година летото била снимена мечка близина на излетничкото местo Бањиче, на само 3-4 километри оддалечено во воздушна линија над Тетово.
Мечката тогаш била снимена додека се хранела спокојно, а потоа без да пројави агресовност се скрила во густите дрвја над патот.
Според евиденцијата на Здружението за заштита на мечките „Шари Беар“, на Шар Планина има повеќе од 20 мечки од кои само во атарот на село Доброште се регистрирани 12 мечки. Поради проретченоста на нивниот вид, со Законот за ловство од 1996 година мечките се ставени под заштита и е забрането тие да се ловат.