На вечерашното изборно соочување досегашниот градоначалник Петре Шилегов буквално беше сардисан од најголемиот број на кандидати во студиото на МТВ со прашања и не можеше да издржи под притисокот на аргументите од соговорниците и со арогантно однесување го напушти студиото на МТВ.

Славе Несторовски кандидатот од ТМОРО го праша кого консултирал и прашал за бас рапид системот на превоз во Скопје, кој смета дека е на штета на скопјани.

Александар Тортевски кандидатот од Твоја партија, го праша Шилегов што стана со проектот давање ваучери за пијани гости од скопските кафеани за такси превоз и дали добро ги искористил за себе тие ваучери.

Прашања имаше од соговорниците зошто Шилегов не го спаси ФК Вардар и дозволи да пропадне, зошто не изгради Луна парк како што ветуваше, зошто не го спаси Водно, каде е тинелот по Кале, беа само дел од прашањата.

Ана Петровска од Зелен град го обвини Шилегов дека не е точно дека е решен проблемот како што тој вели за Вардариште, затоа што протестите на граѓаните за депонијата биле доказ.

Бени Шаќири го обвини Шилегов дека до сега нема направено апсолутно ништо, по што Шилегов наместо реплика му рече да не збори кон него, бил блиску, а било корона.

Шилегов во текот на гостувањето ги обвини соговорниците да не прават „шибицерски финти“, по што Тортевски стана навреден и го замоли да му се извини инаку ќе го напушти студиото, Шилегов не се извини кон соговорниците за навредите.

-Дали шибицерска финта е проект кој е ветен, а не е реализиран од вас? – го праша Тортевски, Шилегов и му посочи дека пред граѓаните на Скопје и пред јавноста има полно право да го критикува досегашниот градоначалник за проекти кои ги ветил, а не ги реализирал.

-Ова ниво ли е, па пред четири дена ветувате пак Луна парк кој требаше пред две години да го направите, ние сме шибицери, а ти не си шибицер, му рече Петар Георгиевски – Камиказа кандидатот на Левица на Петре Шилегов и го обвини дека немал никаква доблест да признае дека не испорачал никакви проекти.

Дел од соговорниците го обвинија Шилегов дека покажал невидена арогантност и непочит кон сите останати кандидати и навреда кон целокупната македонска јавност, како и дека тој бил градоначалник само на проекти во тек.

Шилегов го напушти студиото на МТВ затоа што имал обврски и други активности.