Неколку противпожарни екипи се борат да го стават пожарот под контрола, со помош на шест канадери.
Топлото време и ветерот ја отежнуваат работата на пожарникарите, поради што пожарот брзо се шири.
Според „Times of Israel“ полицијата поради пожарот го затворила делот од главниот автопат што ги поврзува Ерусалим и Тел Авив.
Патот, како што е забележано, беше затворен пред гласањето во Кнесетot за новата коалициска влада. Наводно полицијата извадила тројца пратеници од сообраќајниот метеж и ги придружувала до Кнесетот за да можат да присуствуваат на гласањето.
Минатата недела избувнаа неколку големи пожари во предградијата на Ерусалим и на Западниот брег, поради што многу жители беа привремено евакуирани и затворени патишта.
Медиумите тогаш објавија дека властите се сомневаат дека пожарите биле подметнати.