– Можно е случајот со Драги Рашковски да е покривање на многу нешта кои треба да се затскријат, бидејќи еден случај сите се фокусираме на тоа, спектакл демократија, но забораваме дека најстрашна држава е онаа која ќе почне да тоне, па по тоа кога ќе почнат да паѓаат лошите држави не можат да се запрат, можеби мастерите на пи-арот ќе го насочат вниманието на една личност за да заборавиме дека се е пустина и дека, а настанот не е исклучок туку е реалност, бидејќи ненормалното станало нормално, вели професорката Силјановска.
Силјановска истакна дека излегуваат „спасители“ оние кои се први на столбот на срамот, но за да не заминат тие сега ќе не фрлат во некој нов спектакл.