Според ЦУК, паднати дрвја, оштетени кровови и автомобили, откачени кабли има на повеќе локации во главниот град. Синоптичарите за попладнево најавуваат и локален пороен дожд проследен со грмотевици.

Граѓаните споделуваат видеа. Силниот ветер предизвика штета, а од ЦУК велат дека добиле повеќе пријави.

Има и останати видеа на социјалните мрежи од невремето.

Од управата за хидрометеоролошки работи велат дека очекуваат времето да се подобри во сабота, а веќе од викендот целосно да се среди ситуацијата.