Дожд, ветер и град имаше синоќа во Босна и Херцеговина (БиХ). Во Приједор и Тузла улиците се поплавени.

Невремето ја зафати Козарска Дубица. Погодена е и Бања Лука.

Невреме проследено со град со големина на јајце имаше вчера и во Србија што им нанесе штета на земјоделците.