Од силното невреме што ја зафати Москва се урна дел од ѕидот на Кремљ.

Скелињата кои биле поставени на ѕидовите на Кремљ се урнаа на Црвениот плоштад, а при падот оштетија дел од ѕидовите.

Ветрот уриваше и дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот.Градските власти ги предупредија жителите доколку можат да останат во затворени простории, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја.