Реза Пахлави, син на последниот ирански шах кој живее во Соединетите Американски Држави, беше нападнат во четврток за време на посетата на Германија кога врз него беше фрлена црвена течност во центарот на Берлин.
Инцидентот се случил додека Пахлави, во придружба на обезбедување, ја напуштал зградата на Федералната прес-конференција и одел кон своето возило. Како што може да се види на видео од местото на настанот, еден од присутните активисти му се приближил одзади и го полеал со течност слична на црвена боја, која го погодила во задниот дел на вратот и рамото.
Полицијата брзо интервенирала и веднаш го привела осомничениот на местото на настанот. Пахлави не претрпел никакви повреди и безбедно ја напуштил областа кратко време по инцидентот.
Според извештаите на медиумите, овој протест е директно поврзан со поддршката на Пахлави за неодамнешните воени акции на САД и Израел против Иран. Претходно истиот ден, тој ги опиша нападите како „хуманитарна интервенција“, тврдејќи дека биле неопходни за соборување на сегашниот режим во Техеран.
Реза Пахлави живее во егзил во САД. Роден е во Техеран во 1960 година како најстар син на Мохамед Реза Пахлави и Фарах Диба. Уште од детството бил подготвуван да стане шах, но Исламската револуција од 1979 година ја промени судбината на неговото семејство засекогаш, принудувајќи ги да ја напуштат земјата. Тој отворено го поддржа израелскиот и американскиот напад врз неговата татковина.
A person threw tomato sauce on Iran’s Crown Prince Reza Pahlavi in Berlin, Germany, today
🇩🇪🇮🇷 pic.twitter.com/hVQn94eP5L
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 23, 2026
