Пожарот во гаражата на лондонскиот аеродром „Лутон“ во вторникот вечерта доведе до „делумен структурен колапс“ на паркингот 2, објави операторот на аеродромот на својата веб-страница.
„Лутон“ е четврти по големина аеродром кој го опслужува Лондон.
Пожарот довел до делумно уривање на една од паркинг гаражите на аеродромот.
Пожарникарите сè уште се борат со огнот рано утрото, а аеродромот апелира патниците да не одат на аеродромот, иако стотици луѓе веќе беа блокирани таму, објавија медиумите.
Четворица пожарникари и еден аеродромски работник се хоспитализирани поради вдишување чад, јави Би-Би-Си.