Крик против градежната непланска и антиурбана експанзија

Македонскиот рапер Стиховен Калибар го сними и објави новиот сингл и видео насловено како ,,Мамето у ДУПот” кој што станува вирален на социјалните мрежи.

Оваа песна е силна урбана критика што ја разобличува корупцијата и алчноста во градежниот сектор.

Со сурови рими и директен јазик, авторот го претставува градот како жртва на бетон и беззаконие.

Стиховен Калибар на едноставен но реален начин го опишува секојдневието задушено од урбаната мафија.

Извор: Expres