Поранешниот англиски репрезентативец ја освои наградата „Сер Алекс Фергусон“

Френк Лампард е избран за најдобар тренер во англискиот клупски фудбал за сезоната 2025/26, откако го предводеше Ковентри Сити до пласман во Премиер лига.

Ковентри ја освои титулата во Чемпионшип со 11 бодови предност пред второпласираниот тим, а клубот повторно ќе игра во елитното друштво по пауза од 25 години.

За овој успех, Лампард го доби „Трофејот Сер Алекс Фергусон“, што го доделува Здружението на фудбалски тренери.

Лампард го победи и Артета во изборот

Во гласањето, Лампард беше пред Микел Артета, кој сезонава ја освои титулата во Премиер лигата со Арсенал, прва за лондонскиот клуб по 22 години.

Како утешна награда, Артета беше избран за тренер на годината во Премиер лигата.

Легендарниот Алекс Фергусон му упати пофални зборови на Лампард по доделувањето на признанието.

„Твоите карактеристики, подеднакво како тренер и како лидер, јасно се рефлектира во начинот на кој игра твојот тим, со самодоверба и верба во себе. Уживав гледајќи го“, му порача Фергусон на Лампард.