Во првите три месеци починале речиси 2.000 лица повеќе отколку што се родиле

Македонија и во првиот квартал од годинава продолжува да бележи негативен природен прираст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Разликата меѓу бројот на родени и починати лица изнесува 1.962.

Според статистиката, ваков негативен тренд е регистриран во 66 општини низ државата.

Во периодот од јануари до март се родени 3.380 деца, што е за 4,1 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.

Намален и бројот на починати лица

Во првото тримесечје од годинава починале 5.342 лица, што претставува намалување од еден процент во однос на истиот период во 2025 година.

Меѓу починатите се евидентирани и девет доенчиња, покажуваат податоците на ДЗС.