Со почетокот на новата 2024 година, започнуваат и анализите за како оваа ќе година ќе се одрази на економски план, особено земајќи предид дека станува збор за година во која ќе има избори. За ваквите теми зборува и професорот од економскиот факултет Борче Треновски кој вели дека ќе забават капиталните инвестиции, но и покрај неизвеноста има одредено смирување на цените на генерално ниво.
Во ваква изборна година во која се наоѓаме сега ќе почнат да стагнираат капиталните инвестиции. Ние сме држава каде мора да имаме силни реформи, реформа на администрација, владеење на правото, реформа за продуктивноста. Мора да имаме силна политичка волја нешто да се смени, вели Треновски.
Во телевизиското гостување на „Трилинг“ професорот се освра и на прогнозите за 2024 година.
Сите прогнози се дека цените на храната и на енергијата ќе забавуваат, иако се предвидува дека геополитичките движења не може да ги избегнеме. 3 и пол отсто се најавени сега, најавите се дека инфлацијата ќе намали, за веќе годината по неа да стигнеме на нивото каде бевме пред кризата, продолжува тој.
Треновски вели дека е многу важна неформалната економија, а според него треба да има дискусија и за нови одданочувања.
Пензиите се еден од факторите кои најмногу влијаат на сиромаштијата во државата, проблем е непродуктивноста кај вработените, вели Треновски.