– Шилегов нема објаснување како одеднаш големи градежни фирми немаат интерес за тендери, да речеме од 3 милиони евра колку што изнесуваше тендерот за Пластичарска. Шилегов нема објаснување како одеднаш цените на понудата се три пати повисоки, а никој не сака да ги намали? Шилегов нема објаснување како одеднаш фирми пријавени на тендер, кои што подготвиле тендерска документација, не учествуваат на лицитација, односно не ја намалуваат цената. Шилегов нема објаснување како одеднаш по аукции на кои и до 50% паѓале цените за работа, сега одеднаш нема интерес за намалување на цената. Шилегов нема објаснување како одеднаш договорите се исти како нереалните и проценки на Град Скопје. Шилегов нема објаснување како одеднаш компаниите знаат кој тендер за која фирма е? Шилегов нема објаснување како одеднаш фирмите знаат колкава е нереалната проценка на тендерот?, прашува Стоилковски.
Тој додава дека Шилегов нема објаснување како одеднаш фирмите знаат кој смее, а кој не смее да лицитира на тендерите на Град Скопје.
– Шилегов нема објаснување како на толкав тендер од 3 милиони евра да има и анекс од 300.000. Шилегов нема објаснување како одеднаш за четири години го зголеми својот имот за половина милион евра со плата од Град Скопје? Шилегов нема објаснување дали е Петре Профитер! Почитувани, нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, нема полошо од Шилегов, истакна Стоилковски.