Пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, вечерва гостуваше во Филибастер на Радио Лидер. Прашан за новата афера која денеска ја обзнани лидерот на партијата Христијан Мицкоски, насловена „250.000 илјади евра за Вице од Рек Битола“ рече дека ова е еден од оние случаи каде што детално се опишува спрегата на институциите за лично богатење на фамилијата Заеви.

Стојаноски рече дека новата афера е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ години наназад го произнесува во јавноста и додаде дека не е изненаден од ваквото поведение имајќи ги предвид предходните афери, Мафија 1, Мафија 2, Рекет 1, Рекет 2, Провизии за вакцини..

-Ова е само еден слет на скандалозни околоности. Како што можевме да видиме во овие пријави, кои што за подобро информирање на јавноста биле фризирани и можеме да видиме дека првата страна на двете пријави е иста само содржината е сменета, односно фали оној дел од оригиналната пријава каде што е споменато името на братот на премиерот. Оној кој што целата македонска јавност знае дека е одговорен за ваквите работи во оваа држава и дека не смее ниту еден бизнис, ниту еден тендер, ниту една државна работа да не помине преку негов амин, рече Стојаноски, алудирајќи на братот на премиерот Зоран Заев.

Она што е скандалозно, продолжува Стојаноски, е што самиот брат на првиот човек на Владата во оваа држава им се јавува директно на луѓето и се заканува.

-Тоа укажува дека во оваа држава имаме сериозен проблем. Верувам дека еден ден, а тој ден ќе дојде набрзо, за овие работи ќе има темелна истрага и нека не се лажат овие луѓе дека нема да има одговорност. Затоа што ова мора да запре некаде, народот ова го гледа, потенцираше Стојаноски.

На прашањето зошто никој не реагира за ваквиот скандал и никој не е повикан на распит, Стојановски рече дека денеска преовладува демантот на братот на премиерот и на директорот на РЕК Битола кој, како што вели пратеникот, не демантираат дека вакво нешто се случило, туку детално го објаснуваат случајот.

-Обидувајќи се да се извадат, дополнително влегуваат во кал. Зошто вели дека компанијата која што ја добила работата и покрај тоа што не била најдобра меѓу понудувачите во јавната постапка сега во моментот ја работи таа работа во РЕК Битола, рече пратеникот.

Стојаноски смета дека нема да има пријави бидејќи ова не е прв случај на криминал во власта и блиски до нив.

-Правдата ќе се врати кога ќе го исушиме ова мочуриште и ваквите ликови и ваквото однесување ќе ги испратиме во историјата, потенцираше Стојаноски.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.

Филибастер

Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Posted by Радио Лидер on Wednesday, May 26, 2021