Во американските училишта децата уште од најрана возраст се обучуваат што да прават доколку слушнат истрели. Видеа од вакви вежби прикажуваат како учениците брзо бегаат во училница, ја заклучуваат вратата со специјален механизам и се кријат под клупи.
Овие сцени ја отсликуваат суровата реалност – школскиот ден за многу деца во САД не подразбира само учење, туку и подготовки за преживување.