Огнена топка на небото предизвика паника и бројни повици до службите
Метеор што синоќа беше забележан на небото над западна Германија заврши со удар во куќа во Кобленц, каде дел од него го пробил покривот на објект.
Инцидентот се случил во неделата околу 19 часот во населбата Гилс. На покривот на куќата останала дупка со големина на фудбалска топка. За среќа, во настанот никој не е повреден, соопштија локалните власти, пренесува Deutsche Welle.
WATCH: Meteor seen in the skies over Germany and the Netherlands.
In Germany, police are reporting possible damage at homes in Rhineland-Palatinate pic.twitter.com/6DYHG4SPip
— BNO News Live (@BNODesk) March 8, 2026
Метеорот бил видлив низ повеќе германски покраини
Полицијата во Кобленц потврди дека запален метеорит паднал врз куќата. Пожарникарите и полицијата излегле на местото на настанот и утврдиле дека нема дополнителна опасност.
Појавата на светлечкото тело на небото предизвика голем број повици до службите за итни случаи низ западниот дел на Германија.
Метеорот бил забележан во неколку сојузни покраини, меѓу кои Рајнска област-Пфалц, Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Сарланд, Баден-Виртемберг и Долна Саксонија.
Силен блесок и тресок забележани и во соседни држави
Сведоци опишале светла огнена топка која се движела низ небото, проследена со силен тресок.
Слични повици до службите биле пријавени и во соседните држави, меѓу кои Белгија, Франција, Холандија и Швајцарија.
