Белорускиот блогер, кој се населил во Литванија, е уапсен заедно со својата девојка Софија Сапега, откако авион на „Рајанер“ со кој патувал од Атина до Вилнус, во неделата морал да изврши принудно слетување во Минск, поради лажен извештај за поставена бомба.
Тогаш тој е уапсен, а потоа на видеоснимка призна дека учествувал во организирање масовни немири во Минск, пренесува „Ројтерс“.
-Очигледно дека неговиот нос е скршен, бидејќи може да се види дека неговата физиономија е променета и дека има шминка. Левата страна на лицето му е намачкано со пудра во прав. Она што го рече не се негови зборови ниту интонација и тој е видливо нервозен. Јас сметам дека е принуден да го сними тоа. Не можеше да признае дека стои зад масовните немири затоа што не направи такво нешто, рече неговиот татко Дмитриј Проташевич.
Тој оцени дека станува збор за одмазда на владата и предупредување до сите да внимаваат што се можат да им направат на политичките противници.