-Принудното слетување на авионот на Рајанер од Белорусија и последователното апсење на Роман Пратасевич се навреда за меѓународните норми. САД најостро го осудуваат овој скандалозен инцидент. САД им се придружуваат на земјите ширум светот кои бараат и негово ослободување и ослободување на стотиците политички затвореници неправедно приведени од режимот на Лукашенко, и јас се придружувам на многуте повици за меѓународна истрага за утврдување на целосните факти за случајот.

Ја поздравувам информацијата дека Европската унија повикува на насочени економски санкции и други мерки и го замолив мојот тим да развие соодветни опции во тесна координација со Европската унија и другите сојузници и меѓународните организации , се вели во соопштението од Белата куќа.