Тошковски е мета на напади од политичките партии во оваа држава по инцидентите предизвикани за време на прославата на Денот на албанското знаме. Министерот вчера гостуавше на Радио Лидер и одговори дека станува збор за целосен обид за дестабилизација на државата. Не треба да бидеме ниту малку наивни, овде има инциции за цело однапред смислено сценарио.
Опозициските партии не успеаја ниту да се координираат зошто да го нападнат Тошковски. Според едни интервенцијата била брутална, според други претерано мека.
Полицијата веќе се справува со апсење на оние кои ги прекршиле законите. Засега, уапсени се 18 лица.
Можно апсење на Артан Груби?
Од политичката коалиција Вреди јавно објавија фотографии како Артан Груби има вмешаност во протестите. Дел од уапсените имаат јавно фотографии со него. На новинарско прашање од новиарот и водител на утринската емисија, Љупчо Златев, Тошковски не ја негираше поврзаноста на Груби. Министерот Тошковски рече дека во овој момент не може да открива дополнителни информации со тоа што не ја исклучи можноста.
Министерот Тошковски рече дека МВР професионално ја завршила својата работа. Потенцираше дека целата ситуација можела да е многу поголема.
Немаме тешки телесни повреди, немаме убиство, немаме обиди за убиство, немаме кршење излози и влегување во приватен имот, кршење деловни објекти. Немаше такво ништо ниту во Скопје, ниту во Куманово, ниту пак во друг град, вели Тошковски.
Сценарио за обид за дестабилизација?
Очигледно е дека со сите провокации на ДУИ не им успеа обидот за дестабилизација. Дополнително дека ова е сценарио алудира и фактот дека ниту еден од уапсените не е постар од 20 и неколку години.
Министерството за внатрешни работи информираше дека има 18 уапсени од кои 14 лица се уапсено за сквернавење на македонски симболи. Освен тоа едно лице е уапсено за палење на српско знаме, а три лица се уапсени за палење на албанско знаме во Прилеп.