СДС како адвокат застана во одбрана на Михаилова, која избега од судски процес заради извештај направен од другарот на Филипче и Заев, докторот Иван Барбов, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во извештајот на криминалниот доктор Барбов пишуваше дека таа морала да се лекува во Бугарија, а нашите сомнежи се јасни, а тоа е дека зад овој извештај стојат Филипче и Заев, додаде во изјавата Манасиевски.

„Дури и Барбов јасно кажа дека Ива Михаилова немала големи медицински проблеми и дека лекувањето можело да се продолжи и во Македонија.

Со овој став на Барбов, нашите сомнежи дека извештајот е фингиран, уште повеќе се потврдуваат.

Тоа се потврдува исто така, и со тоа што СДС и Филипче се ставија на тацна на Бугарија и Михаилова, во првиот случај како амбасадори, а во вториот како адвокати.

Затоа, очекуваме да се истражи случајот од надлежните органи и да добиеме правда“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.