Најмалку 20 лица загинаа, а пет се водат како исчезнати во пожар што утринава избувна на странски товарен брод во кинеското пристаниште Кингдао. Бродот бил на поправка во бродоградилиштето „Кингдао Бејхај“ кога се случила несреќата, објавија кинеските државни медиуми, чии информации ги пренесе „Саут Чајна морнинг пост“.

Во моментот на избувнувањето на пожарот на бродот имало 42 лица. Од нив, 12 биле безбедно евакуирани, додека петмина повредени биле пренесени во болница и се наоѓаат во стабилна состојба, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Според државната новинска агенција „Синхуа“, пожарот избувнал околу 11:15 часот по локално време, додека на товарниот брод се изведувале работи за одржување.

Кинескиот претседател Си Џинпинг по несреќата повика веднаш да биде спроведена сеопфатна операција за пребарување и спасување. Тој нареди и брза истрага за утврдување на точната причина за пожарот.